Македонски календар
320,00 денАвтор: Владимир Шопов, Инес Ефремова
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Старо ново купувам
Година на издавање: 2021
Автор: Владимир Шопов, Инес Ефремова
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Старо ново купувам
Година на издавање: 2021
Автор: Влада Урошевиќ, Ѓорѓе Јовановиќ
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Старо ново купувам
Година на издавање: 2021
Автор: Наташа Андонова, Славко Јаневски
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Лифт
Година на издавање: 2021
елата гарда е роман за снежниот Киев зафатен од домашната војна. Тоа е роман за машкото пријателство и братската љубов; исто така за радоста, еуфорична и погубна, што им се случува на младите луѓе во предвечерието на битката, додека никој сѐ уште не загинал и никој не се свил во клопче за време на преслушувањето. Најпосле, романот е ода во чест на Градот – градот на кој авторот му изразува толкава чест што неговиот назив ниту еднаш не го споменува во своето дело.
Белата гарда е делото сокриено некаде по патот на светската литература на кое наидуваат новите поколенија читатели восхитени од Мајсторот и Маргарита. А, сепак, Белата гарда е голем роман – најтипичен за Булгаков, а сигурно највкоренет во неговиот живот. Мајсторот и Маргарита е роман создаден од неговата визија, верата и стравот: Белата гарда е исткаен целосно од неговите спомени.
Кратката проза на Михаил Булгаков по својот книжевен дострел стои рамо до рамо со неговите романи и драмски текстови. Пишувани во 1920-ите години и претежно објавувани во тогашните весници и списанија, овие раскази се полигонот во кој се развива писателскиот гениј на Булгаков. Тие неретко наликуваат на стилски етиди и тематски скици за идните долги прозни дела на овој книжевен еретик. Елементите на мрачност, гротескност и сатиричност – карактеристични за општата поетика на Булгаков – се подлога на стилот и тематските преокупации и на неговата кратка проза. Расказот, впрочем, и во неговиот случај се јавува како антиципација и сублимација на богатството на авторската фантазија.
„За нас проблем е времето, трепетлив проблем, можеби највиталниот од метафизиката; вечноста – игра или тегобна надеж.“ Овој цитат од славниот есеј на Борхес – Историја на вечноста (1935 г.), ја навестува темата на двете други скици – Доктрината за циклусите (1934 г.) и Кружното време (1943 г.) – во кои авторот аргументира дека идеите за вечното враќање и за кружното време, во суштина, имаат димензија на фантастични инвенции. Збирката, исто така, содржи и три книжевни есеи: фасцинантната студија за метафората (Кенингар, 1933; Метафората, 1952), како и феноменалната историја на преводите на Илјада и една ноќ (Преведувачите на Илјада и една ноќ, 1935 г.). Збирката ја комплетираат расказите кои имаат намера да бидат еден вид рецензии (Приближувањето до Ал-Мутасин, 1935) и духовитата расправа за стратегиите на навредувањето (Уметност за навредување, 1933).
Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува… Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е прониклива студија на загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев.
Преку фантазијата на читателот минува колоритен воз од приказни полни со фантастика. Дури и суровата смрт малку се крие во таа фантастика. И од секоја приказна заплашува човечката свирепост, бидејќи во човекот толку има добрина „колку што има шафран во на сиромавиот кашата “. Ниедна од овие приказни нема добар завршеток. Злокобната басна го навестува крајот на светот, кој ќе започне од улицата Гундулиќева.
Овој книжевен обид несомнено има силна енергија, зборовите како да скокаат по парчињата хартија создавајќи слики, останувајќи за кратко пред нас, за потоа да бидат заменети со нови и уште посилни. Најверојатно тоа би бил и најпрецизниот опис на Тарантула, низа од слики што како вагони од некој психоделичен воз се нижат низ свеста без намера долго да се задржат, но, сепак, да остават силен впечаток дека сме доживеале ново и поинакво читачко искуство. Текстот претставува дестилат на Дилановиот занес, ексцентричност, мудрост и имагинативна енергија. Експлодира пред нас како некаков вербален пандемониум. Воодушевеноста од Бит-движењето, од слободата на изразот на Бит-генерацијата, од експериментирањето со психотропни супстанции како креативен стимуланс можеби било она што го натерало Дилан да го напише ова експериментално парче проза преплетено со поезија. Надреалистичкиот стил (наводно во тој период Дилан обожавал да го чита Рембо) под силно влијание од Џек Керуак, Алан Гинсберг и Вилијам Бароуз, изведен со Џојсовата техника „тек на свеста“, ни најмалку не е спокојна литература за обичниот читател, туку динамична јазична анархија што напати сосема ја губи смислата. Брзата испресечена синтакса го прави јазикот напнат, го нарушува нормалниот тек на мислата и создава чудни и неочекувани идеи и слики.
„(…) (Бес)конечни модели на расказот содржи 80-ина куси раскази поделени во неколку циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, функционални, опасни, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај и минијатурни раскази за пополнување страници. Веќе самите наслови укажуваат на креативноста и инвентивноста, оригиналноста и игривоста на нивната авторка. Имено, во средиштето на оваа книга се тринаесетина (според бројот на циклуси) модели на раскази, варијанти на пишување куси куси раскази; тоа се раскази за расказот, еден вид луцидни упатства и сугестии за тоа како се пишуваат раскази и какви сѐ облици и модели на краток расказ можат да постојат, како и кои се нивните парадигматични обележја. Фасцинира, притоа, богатството на аналогии и асоцијации на творечкиот чин со најобични, дури и банални ситуации и објективни предмети од непосредната реалност.“
„(…) Ефектни, енергични и динамични, минијатурите на Михајловиќ-Костадиновска се одликуваат со една згусната форма, нагласена сликовитост и висок степен на култура на изразот. Истите нудат мошне впечатливи, интересни и возбудливи коментари за видовите нарација кои, несомнено, ќе ја разиграат читателската фантазија и ќе понудат неповторливо читателско искуство. Авторката вешто си поигрува со поривот за раскажување/нарација на еден мошне инвентивен и оригинален начин.“
Лидија Капушевска-Дракулевска
Измислените суштества што се појавуваа на страниците на оваа книга, која ги сплотува ерудицијата и привлечноста, некогаш поттикнувале восхит или страв, ги инспирирале човечките верувања и суеверијата. Особени примери од фантастичната фауна, расеани по разни религии и митологии, а исто така и по литературните дела, се закануваат со пеколни страдања, некогаш со волшебнички благослов, а понекогаш влегуваа во сферата на метафизиката. Како што пишува самиот Борхес: „Насловот на оваа книга ќе ги оправда вметнувањата на принцот Хамлет, на точката, на линијата, на површината, на хиперкубот, на сите општи зборови и, можеби, на секој еден од нас и на Господ. Начелно, на речиси целиот свет. Како и да е, прибегнавме кон она што веднаш го навестува изразот измислени суштества. Составивме прирачник за чудните суштества што ги има создадено, во текот на времето и во просторот, фантазијата на луѓето.“
Облеани со онаа типична јасност на визијата на Алис Манро и нејзината неспоредлива дарба за раскажување, овие приказни за крајот и почетокот, за несреќата и опасноста, за заминувањето и враќањето, измислени и реални, сликаат блескави, неизбришливи портрети на чудниот, опасен и извонреден обичен живот. Едноставноста на јазикот во функција на комплексноста на животот достигнува неизмерни длабочини во чувствата. Манровата единствена способност да ни ја дава суштината на животот во често куси, но секогаш пространи и безвременски приказни, уште еднаш е очигледна во оваа брилијантна збирка раскази. Приказна по приказна, таа го осветлува моментот кога животот е трајно променет поради некоја случајна средба, непреземен чекор, или едноставно поради играта на судбината која ја носи личноста од вообичаениот, навикнат пат кон нов начин на битисување или размислување.
Романот „Бјуик Ривера“ е објавен во 2001 година и е преведен на десетина јазици. Според него, Горан Рушановиќ има снимено истоимен филм, кој беше апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал во 2008 г. Романот на Јерговиќ не е книга за автомобилот како фетиш, за патолошката љубов на човекот кон него. Тоа е само лајтмотив за една приказна за Босна, за нејзините топли, а навидум крути луѓе, за нивните болни искуства и проклето несреќните судбини, за судирот на босанската мекост и простодушност со студениот, пресметлив и прагматичен свет на современата Америка, за проблемите во разбирањето меѓу тие две толку различни култури, за судирот на западната прагматичност и босанската импулсивност, за примитивниот страв од секоја другост…
„На кој јазик зборуваме со самите себеси, со другите? Ми се допаѓа јазикот на живиот говор, со ништо не е обременет, пуштен е на слобода. Во него сè е разиграно и весело – синтаксата, интонацијата, акцентите – па чувството може точно да се реконструира. Јас го следам чувството, а не настанот. Како се развивале нашите чувства, а не настаните. Можеби она што го правам прилега на работата на историчарот, но јас сум историчар на она што исчезнува без трага. Што се случува со големите настани? Тие се преселуваат во историјата, додека малите – но главни за малиот човек – исчезнуваат без трага. Денес едно момче (поради својата кревкост и болешливост, едвај личи на војник) раскажуваше колку е необично и истовремено занесно да се убива во група. И колку е страшно да се застрела некој.“
„Животот е незамисливо уметнички сам по себе и – колку и да звучи сурово – особено уметничко е човековото страдање. Темната страна на уметноста.“
„Оддавајќи ѝ признание на личната храброст на војниците и офицерите, испратени од Брежњевото раководство на КПСС да се борат во туѓа земја, која претходно ни беше пријателска, искрено споделувајќи ја болката на мајките чии синови загинале по авганистанските планини, писателката, воедно, во оваа книга бескомпромисно ги разобличува сите обиди да се хероизира и романтизира срамната авганистанска војна, ја развенчува лажната патетика и бомбастичниот патос.“
„Со оган и со меч“ е првиот роман од, можеби, најзначајното дело на нобеловецот Хенрик Шенкевич – „Трилогија“, која критиката ја вреднува како opus magnum на овој автор. Романот ги следи случувањата од историјата на Полска за време на козачкото востание на Хмељници (1648–1654) во Украина. Писателот, трудејќи се да поттикне патриотски чувства кај читателот, на романот му придодал карактеристики на витешки епос, вовел волшебни елементи и создал силни ликови што го репрезентираат доброто и злото.
Побунетите Козаци под водство на Хмељницки се претставени како варвари жедни за крв, а Полјаците како праведни и храбри бранители на татковината. Романот ги опишува историските личности и случувањата од полска перспектива, со голема симпатија кон полското благородништво што е индивидуализирано преку бројни епизодни личности, меѓу кои најмногу се истакнуваат ликовите на господата Заглоба и Лонгинус Подбипета, кои се прикажани како витези и бранители на христијанството, додека востаниците се обвинети за колежите, антисемитизмот и сојузот со Татарите, непријателите на татковината и на верата.
Во приказната мајсторски се преплетени голем број историски и фиктивни личности, вистински и измислени настани, како и бурната љубовна приказна на беспрекорниот витез – Јан Скшетуски и на прекрасната благородничка – Хелена Курчевичовна, кои, разделени од непријателите и злата судбина, преживуваат бројни перипетии.
„Астални Проекции“ – поетскиот маратон кој четириесет месеци им даваше посебен „шмек“ на скопските вечери и ноќи – на астал.
1843 година – Грејс Маркс е осудена на соучество во бруталното убиство на својот работодавец и на неговата домаќинка. Одлежувајќи ја доживотната казна, тврди дека целосно го загубила сеќавањето. Некои сметаат дека Грејс е невина, ангажираат за помош специјалист за ментални болести. Докторот ја ислушува приказната на Грејс, се повеќе приближувајќи ја до денот што таа не го памети. Какви спомени ќе успее да евоцира? Дали Грејс навистина извршила убиство? Маргарет Атвуд создава – врз основа на вистинската приказна на една од најзагадочните и најпознати жени од XIX век – восхитувачка, потресна и вознемирувачка приказна за сексуалноста, свирепоста и таинственоста.