slovo

Зигмунт Бауман – Странци пред нашата врата

250,00 ден

Бауман е еден од најзначајните социолози и филозофи на дваесеттиот и дваесет и првиот век. Автор на голем број дела, дел од кои се објавени од Слово на македонски јазик. Во книгата Странци пред нашата врата станува збор за проблемите поврзани со феноменот на бегалтвото од насилство и војни, проблеми со кои сите ние се соочуваме секојдневно. Се разбира, книгава го третира тој проблем на аналитичко, спциолошко и антрополошко ниво. Проблемот на бегалството е фенеомен со кој човекот се соочува од најраните периоди. За луѓето зад затворените врати, бегалците, како и овие денес од Блискиот Исток или Авганизтан, се секогаш странци, странци кои генерираат страв и неудобност, покрај другото затоа што се непознати, затоа што се туѓинци. Денес ние сме соочени со екстремни форми на бегалство, кога тв и другите медиуми се полни со тнр. „мигранска криза“ која ја покрива Европа. Дебатата открива дека огромен број луѓе, евтропско население, е опфатено од страв, од зло, како што се вели, кое му се заканува на комотниот и мирен живот.  Бауман ги анализира корените, причините и последиците од оваа „морална паника“. Тој покажува како политичарите го употребуваат стравот од доаѓањето на туѓинците, како тој страв се шири до големи размери, поврзан со оние кои најмногу изгубиле, бедните и напуштените.

Џон Стајнбек – Глувци и луѓе

200,00 ден

Глувци и луѓе е приказна за двајца осамени и отуѓени работници, кои во времето на Големата депресија во потрага по работа талкаат по прашливите зеленчукови полиња на Калифорнија и прифаќаат ангажман секогаш кога можат, живеејќи од ден за ден.
Лени е нежен, огромен и физички силен, но ментално заостанат. Џорџ, „мал, брз и со темно лице“, го штити и го води Лени, но истовремено и зависи од неговото пријателство. Заедно сонуваат еден ден да поседуваат парче земја и колиба што ќе биде само нивна.
Џорџ и Лени се, всушност, изгубените глувци во лавиринтот на модерниот живот. Наивни луѓе чијшто свет се руши кога ќе се соочат со реалноста во која доминираат материјализмот и алчноста. Нивните надежи за остварување на американскиот сон брутално ќе бидат уништени со трагичниот инцидент, кој ќе ги направи аутсајдери во општеството што засекогаш ќе им остане туѓо.
Стајнбек со навидум едноставен, а сепак полн со значења јазик ги опишува природата, луѓето и релациите што тие ги создаваат. Тој е автор со силно развиено чувство за психолошко нијансирање, создавање напнатост и драмски ситуации. Поради сето ова, Глувци и луѓе спаѓа меѓу најдобрите куси романи во американската книжевност на сите времиња.

Атанас Вангелов – Лирската биографија на Конески

400,00 ден

Во студијата „Лирската биографија на Конески“, Атанас Вангелов ја дава досега најзначајната синтеза за епохалното дело на големиот македонски поет. Оваа студија е уникатна по својот пристап. Овде тој настојува да го долови „личниот печат“ во поезијата на Конески што се таи под нејзината чудесна едноставност, која е одлика на исклучителни и раскошни духови. Правејќи суптилни херменевтички анализи, Вангелов го разгатнува и процесот на идентификација на Конески со духовните стремежи на својот народ – од св. Климент Охридски, преку Глигор Прличев до Кочо Рацин. „Лирската биографија на Конески“ е неодминлива книга на еден голем познавач на делото на нашиот голем поет, впечатлив влог во македонската наука за книжевноста и во македонската култура пошироко.

Атанас Вангелов – Филилошката критика на Конески

400,00 ден

Станува збор за книга во која на преку триста страници Вангелов се занимава со исцртувањето на главните контури на филолошко-критичката позиција на Конески по однос на македонскиот јазик и со неговите сфаќања на јазикот и филологијата воопшто. Книгата, како што се посочува, го позиционира Конески како филолог мислител во контекст на „светската филолошка критика“, издвојувајќи ги неговите сродности, но и дистинктивните обележја по однос на светските авторитети во оваа област. Студијата е столб на нашата историја на јзикот, на нашата лингвистика и филологија.