ПНВ Публикации

ПНВ Публикации
ПНВ Публикации

Mакедонија

ГРАНИЦИ од д-р Хенри Клауд д-р Џон Таунсенд

број на страни: 380
димензии: 21cm x 14.8cm

600,00 ден

Да се имаат јасни граници е од суштинско значење за здрав, избалансиран начин на живот. Границата е линија на личната сопственост што ги означува оние работи за кои сме одговорни. Со други зборови, границите дефинираат кои сме, а кои не сме.

ЖОЛТАТА КУЌА од Вилијам Вол

број на страни: 10

Формално авантуристички, политички ангажирани, историски и културолошки будни и слободоумни, песните на Вилијам Вол зборуваат за поетот за кого можноста поезијата, како еден вид одговор на збиднувањата и опишување на светот, е возбудливо жива и подготвена за акција.

ПОНЕДЕЛНИК ИЛИ ВТОРНИК од Вирџинија Вулф

300,00 ден

Вирџинија Вулф, еден од најистакнатите критичари и најоригиналните автори на дваесеттиот век, пред објавувањето на оваа збирка раскази во 1921 г. зад себе веќе има два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писател со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време.

ЛОВОСТОЈ од Моника Херцег

300,00 ден

Над митологијата на поетскиот субјект и неговото нескриено и доминантно рацио, како тајни, но референцијално и цитатно присутни добри чуварки, бдеат фигурите на канонските светски поетеси, како што се Шимборска или Силвија Плат.

КАКВА ПОЛЗА ИМА ЧОВЕК ОД ТОА ЕДНО УТРО ДА СЕ РАЗБУДИ ОД ОВАА СТРАНА НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ од Ким Симонсен

500,00 ден

Стиховите во оваа книга се стихови на преминот. Од град во шума, од остров во море, од сурово во нежно и од нежно во сурово, од приказна во минијатура, од век во друг век, од едно тисуштолетие во друга тишина.

ГЛАДОМОРЈЕ од Јована Матевска Атанасова

300,00 ден

„Гладоморје“ претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење, во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.

СМРТТА Е НАСЛЕДНА од Ервин Јахиќ

300,00 ден

Ако некој во поновата хрватска поезија е трагач по светот отаде, она што го надминува
нашето видено искуство, тогаш тоа е Ервин Јахиќ кој светот отаде го наоѓа во контактот
со блиските на кои им се обраќа во своите песни.

Меч од мечти од Диме Данов

300,00 ден

Замислете си огромен зелен капут, а во него доволно простор за да се
сокријат сите чудесни новонастанати светови, сета магија што ја носат
соништата, мечтите, копнежот и онаа најгласната тишина на премолченото.

ЦРНА МАЈКА ЗЕМЈА од Кристијан Новак

450,00 ден

Книгата е добитник на наградата „Роман на годината“ што ја доделува „Тпортал“ (tportal). Романот е преведен на многу јазици и поместен е во листата на десетте најдобри хрватски романи во последните 50 години.

ДНЕВНИКОТ НА ЗАВОДНИКОТ од Сорен Кјеркегор

300,00 ден

Ги разработува прашањата за бракот, етичкото наспроти естетското, стравот и ригорозноста на христијанството. Кјеркегор во „Дневникот на заводникот“ и неговата естетска радикалност во потрагата по слободата и љубовта, ги има испишано најпроникливите страници посветени на страста и на нејзиниот егзистенцијален и филозофски аспект.

Српски документи за историјата на Охридско-струшкиот регион (1890-1940) II од Павле Митрески и Димитар Смилески

600,00 ден

Станува збор за книга што содржи транскрибирани и преведени архивски материјали, главно писма од и до српските управители на Охридско-струшкиот регион во периодот од 1890 до 1940 година