490,00 ден

Црвец

Автор: Џон Фаулс
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 480
Година на издавање: 2014
Превод: Калина Јанева

На залиха

,
Сподели

Црвец е шестиот роман на Фаулс, првпат објавен во 1985 година. Жанровски тешко може да му се најде недвосмислено место зашто во него се испреплетуваат елементи на детективска приказна, на историска (мета)фикција, на епистоларен роман и на научна фантастика. Поради ваквиот колаж, но и неизбежните автореферентни и метафикциски нишки кои се препознатлив белег на прозата на Фаулс, критиката претпочита да го смести делово под пошироката капа на постмодерниот роман.

По авторскиот пролог, во кој Фаулс го објаснува визуелниот зачеток на своето дело, како и дел од повеќезначноста на терминот што го избрал за негов наслов, се среќаваме со петмина коњаници кои во пролетта 1736 година патуваат во гратче во Западна Англија. Откако едниот од нив, глувонемиот Дик, ќе биде пронајден мртов, обесен, со букет темјанушки в уста, на сцена стапува адвокатот Хенри Ескју, кој по овластување од неименуван благородник има задача да открие што се случило со покојникот, како и каква судбина ги снашла неговите сопатници.

И покрај присуството на сезнајниот раскажувач и непосредната вмешаност на авторот во содржината, читателот е принуден самиот да дојде до евентуално решение на загатката. Меѓу редовите од приказната се разгледуваат и пошироките прашања за веродостојноста на сеќавањето и личното сведоштво, за степенот на објективност на историографијата, за животот како театарска претстава, а човечката историја како нарација, или за вероотстапништвото како политички бунт кој се обидува да ги избрише класните и родовите разлики. Но, како што вели Фаулс во прологот: „не би сакал ова да се смета за историски роман. Црвец е“.

Questions and Answers

You are not logged in