Во безизлезен обид да го пресоздаде минатото на својот залезен пријател, господинот Улм, раскажувачот на овој роман ја реконструира својата сегашност во надеж дека некогаш ќе стане личност што ќе умее да разговара со маките и страдањата на другите. Туѓата несреќа е едно скалило кон вечноста, или кон пропаста. Може ли да постоиме без сеќавањата и која е личноста што ја гледаме пред огледалото? Дали повторливоста на секојдневието нè отапела до рамнодушност кон секоја другост, па дури и кон онаа што ни е во најнепосредна даденост? Одговорите на овие прашања можеби се кријат во таинствениот клуч околу вратот на господинот Улм. Да навлеземе подлабоко во срцето на шумата.
Сања Михајловиќ-Костадиновска – Во кратки црти
150,00 денЗбирката е подредена во три кохерентни циклуси: „Средби и сеќавања“, „Метаматерија“ и „Замислени светови“. Расказите се запишани во трето и почесто во прво лице, од веродостоен наратор, кој сепак повремено како со сласт да ужива и во неверодостојност, користејќи ја за заводливо да го води читателот низ приказната. […] Речиси сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати, кои сепак се некаде во современоста и во урбани средини, а тоа остава впечаток на автобиографичност на расказите. Но, овој пристап (неретко исповедниот тон и одмерената лиричност, кои ни за миг не оддаваат нијанси на патос) може да се гледа како мала, незабележлива и успешно приредена замка, а онаа нежна, спонтана запрашаност помеѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата е само уште една питка одлика на оваа збирка. […] Живко Грозданоски