Во последните денови на војната, на почетокот на 1945 година, Хамваш ќе изгуби сè: бомба ќе го разнесе неговиот дом, библиотеката, ракописите и скиците за неговите следни дела. Во една таква атмосфера, Хамваш ја пишува неговата Филозофија на виното која не претставува очајување над урнатините, туку славење на животот. Филозофија на виното е апологија на ретките, возвишени моменти на животот, спокојот, играта и ведрината. Тоа е свет на дионисиско, медитеранско опивање; чистата, светкава ведрина на Орфеј; полубудна медитација во пчеларникот во едно августовско попладне, под оревот, пред визбата на камената маса: некои од ретките моменти на Хамвашовата „идила“. Или, Филозофија на виното го подготвува човекот за славење на Присуството.
Неверство
300,00 денАвтор: Емилија Анастасова Златкова
Издавачка куќа: Полица
Број на страни: 201
Година на издавање: 2021