190,00 ден

Трезнење

Автор: Јурај Шебеста
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 127
Година на издавање: 2014
Превод: Звонко Танески

На залиха

,
Сподели

Занимавајќи се со животите на малите луѓе, во малата средина, расказите од збирката Трезнење на различен начин ја преоблекуваат реалната наметка на современиот свет – независно дали ги конфронтираат своите јунаци со смислата на вработувањето, со планирањето на второто дете, со закупот на гробното место или, пак, со прељубата. Така и суптилно доведуваат до т.н. „внатрешно отрезнување“ на поединецот.

Јазикот на Јурај Шебеста, без оглед на тоа за што зборува, претставува перманентна пародија на денешниот „newspeak“. Апсурдните метафори врз кои почива смислата на оваа проза продираат подеднакво и во внатрешните и во надворешните ѕидови на нејзините јунаци.

Користејќи го онеобичувањето, т. е. очудувањето на традиционалните форми на раскажувањето, како и бекетовскиот апсурд, истражувајќи го ритамот на секојдневието – на брачните, на вонбрачните или на професионалните приказни – авторот им дава ним впечатлива арома на актуелна сатира.

Questions and Answers

You are not logged in