Автор: Томислав Османли
Издавачка куќа: Бегемот
Број на страни: 99
Година на издавање: 2020
Филм.мкд
299,00 денАвтор: Игор Анѓелков
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Есеи
Број на страни: 277
Година на издавање: 2015
300,00 ден
„Препрочитувајќи ги, по неполни три децении, содржините на оваа книга есеи за урбаните феномени што во тоа време ми се чинеа актуелни, особено оние што кај нас недостасуваа, помислувам колку опстојно – и покрај долгиот помин на време – таквите појави и однесувања настојчиво недостигаат во нашава средина. Не дека таа во меѓувреме не се измени, и тоа многу. Урбанитетот доживеа трасформации од поранешната испразнетост кон преполнетост, од неисполнетоста на голем дел од градските простори кон постојниве, урбанистички презаситени ткаења, од расположливиот кон окупираниот градски амбиент, но и од концептуалниот модернитет во минатото кон еден конзервативен инженеринг, изведен и преживеан во центарот на главниот град, сега начичкан со претенциозни структури и кичерски градби од механички копирани и лажно креирани, во секој случај туѓи (на овој град и на неговите жители), авторитарно наметнати стилови… Скопје и денес ги лечи раните од претераната и незапрена градба, од освојувањето на целото подножје на питомата планина што најблиску се издига над градот, која е божем заштитена сфера, па сè до центарот, изведен во незамислив хибрид, еден вид кириличен барок, мегаломански неокласицизам и еден вид „касписки“ ампир од претенциозни и лажни фасади што, неопстојни како материјал, инвестиција и естетика, потклекнуваат под ударите на скопските дождови и летните изгори, и сами се лупат и отпаѓаат…“
Автор: Томислав Османли
Издавачка куќа: Бегемот
Број на страни: 99
Година на издавање: 2020
You are not logged in