Романот „Скриена камера“ е настан за македонската проза. Гоце Смилевски, НАШЕ ПИСМО, Скопје, мај 2005
Романот на Лидија Димковска во буквалната смисла на зборот е „влез во Европа“ на книжевен начин. Оливера Ќорвезировска, УТРИНСКИ ВЕСНИК, 4 мај, Скопје, 2004
Коментарите односно ставовите на Лила, чувствително вплетени во мрежата од дијалози и монолози, доведуваат до тоа романот да се чита како интелектуално исклучително комплексно, но истовремено и шармантно напишано четиво проникнато со хумор и иронија“.Етела Фаркашова, KNIŽNA REVUE, бр. 16/17, Братислава, Словачка, 2007
Романот на Димковска е зачудувачки свеж роман со специфичен фотопластикон кој ја покажува современоста во која живееме. Главните ликови во романот се уметнички Аргонаути во потрага по творечка слобода, љубов, среќа и духовна сакралност. Габриел Леонард Камински, KSIAZKA.NET.PL, Варшава, Полска, 21 ноември 2010