250,00 ден

Сашо Огненовски – Турнеја

Малку се делата во македонската литература, чиј тематски интерес е театарската уметност. Исто така, малку се и оние чија жанровска определба е сатирата. Романот „Турнеја“ ги има и двата прерогативи: неговата тема е театарот и неговите болни точки, неговите постојани страдања од социјални, но и од политички аспекти. Романот „Турнеја“ е посветен на мрачните и деструктивни атаци од кулоарите врз егзистенцијата на самата институција, на она што е секогаш плевел не само во театарската уметност, на болните висури како што се дезинформацијата и квазиинтелектуализмот. Сместена во блиска иднина, оваа приказна за огромната турнеја што постојано ја растураат настани што не се од уметничка природа, возбудува, но и поучува. Конечно, оваа тензична приказна во која театарот е распнат помеѓу желбата за надмоќ и она што значи уметничко дело е огледало на оние состојби што се случуваат зад сцената, надвор од институцијата или, можеби, во некакви други простори, кои, за жал, определени како примарни, ѝ ја потпишуваат смртната казна на оваа синтетичка и исклучително интересна уметност.

Васил Тоциновски

,
Сподели

Автор: Сашо Огненовски
Издавачка куќа: Бегемот
Број на страни: 269
Година на издавање: 2020

Questions and Answers

You are not logged in