„Сага за Олаф Светиот“ се смета за скапоцен камен меѓу сагите за норвешките кралеви, напишана за кралот Олаф II од Норвешка, односно Олаф Харалдсон, подоцна прогласен за светец и патрон на Норвешка. Олаф Харалдсон (околу 995 ― 29 јули 1030 година) бил крал на Норвешка од 1015 година до 1028 година. Тој бил син на Харалд Гренске и Аста Гудбрандсдотир. Една година по неговото загинување во битката кај Стиклестад тој е прогласен за светец, а неговите останки се зачувани во црквата Св. Климент во Нидарос (Трондхејм). Олаф Харалдсон бил жесток во воведувањето на христијанството меѓу викинзите, а во 1164 година бил и официјално канонизиран од страна на папата Александар III, со што станал универзално признат светец на римокатоличката црква. „Сага за Олаф Светиот“ е напишана во 1225 година од исландскиот автор Снори Стурлусон, кој за пишувањето на оваа сага ја искористил сагата напишана од исландскиот свештеник Стирмир Карасон, од која денес се останати само по некои фрагменти, како и усните легенди за кралот Олаф. Како што е и обичај во сагите, и оваа сага содржи бројни цитати од епските песни на скалдите, поети што имале за задача да ја бележат историјата во облик на литература, па така на некој начин ја потврдуваат и веродостојноста на настаните опишани во сагите.
Андреј Ал-Асади – Утрото на бессоните
200,00 ден„Утрото на бессоните“ е втората збирка раскази од Андреј Ал-Асади, по „Друго минато“ (Темплум, 2018), за која ја доби наградата за дебитантско прозно дело „Новите!“. Во оваа збирка Ал-Асади одлучно и бескомпромисно го „истражува“ младиот човек во својот урбан контекст, во својата психолошка замрсеност, соочен со безизлезност, заробеност, несоодветност, меланхоличност, честопати отсликани со очудувачка и онирична форма, водејќи го читателот по патот на некоја друга, помалку позната или непозната човечка свест и потсвест. Патот по кој авторот го води читателот минува низ фантастични и завиени предели, притоа искажувајќи ја „многуслојноста“ на себеспознавањето на главните ликови, но исто така преточувајќи ја во алегорија за животот на урбаниот млад човек. Но, сево ова Ал-Асади не го искажува со неоснован бунт и младешки пркос, туку напротив, неговото пишување се одликува со самоуверена и концизна мисла, која засегнува пошироки, универзални и безвремени прашања што ја измачуваат човечката мисла (себеспознавањето, духовноста, несфатеноста, младешкиот идентитет…).