Со разиграна духовитост, светски совети и умешни забелешки, авторките на бестселерот Како да бидеш парижанка, каде и да си се справуваат со париската уметност на стареењето.
Каролин де Мегре и Софи Мас и овој пат ве забавуваат со тоа што го кажуваат она што не очекувате да го слушнете, но на начин на кој сакате да го чуете. Овој пат откриваат како ги менуваат омилените навики на лоши девојки и палавите размислувања сега кога веќе се госпоѓи, а не госпоѓици.
Овие боемски парижанки даваат совети за љубовта, заведувањето, модата и љубовните состаноци, но и за семејството, работата, живеењето сама и прифаќањето на несовршеностите.
Овој смел водич вешто фрла светлина врз тоа што значи да бидеш целосно созреана жена.