790,00 ден

Плати па клати

Автор: Честер Браун
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Лифт
Година на издавање: 2021

На залиха

Сподели

Се работи за, во Канада а набрзо и ширум светот, најдискутираниот и прилично контроверзен графички роман од 2011-та. Графичката новела постигна забележителен критички и читателски успех, а како четиво кое адресира важни прашања околу сексуалната работа, доби поддршка од претставници на движењето за правата на сексуалните работници, вклучително и од Трејси Куан, Ени Спринкл и Меги Мекнил.

„Плати па клати“ е автобиографски стрип во кој Браун мошне емпатично и внимателно ги пренесува своите искуства од светот на проституцијата. Започнува од своите плашливи и несигурни почетоци, кога влегува без речиси никакви сознанија и постепено ги учи правилата на однесување и логистиката, до фазите кога некои од неговите средби со сексуалните работнички му стануваат многу важни долгорочни емотивни релации. Браун ги документира своите средби со триесетина проститутки, од оние најнепријатните, чудни и тажнички средби, до оние најсимпатичните, топли и успешни. Минималистички илустрирани, дури и секс-сцените се пренесени воздржано и нееротизирано, и имајќи ги на ум бројните аспекти во кои авторот чувствувал должност да ја зачува анонимноста на жените.

Невообичаено за жанрот е што на крајот од книгата се поместени педесетина страници забелешки и полемичка дискусија во која авторот ги изложува своите аргументи за декриминализација и дестигматизација на сексуалната работа. Тоа го прави добро поткован со цитати од теорија и истражувања, но неговиот говор не е академски сувопарен, туку прегледен и приемчив и се чита во еден здив, дополнително потенцирајќи ја динамичноста на темата.

Questions and Answers

You are not logged in