,,Има добри причини за тоа што Пер Петешон стана интернационална литературна ѕвезда. Убав и тажен, сочувствителен и незапирлив текст, кој го потврдува статусот на Петешон на еден од најдобрите современи раскажувачи. Во сигурната и голема убавина на јазикот се наоѓа завет за смирување, кој очајот и тагата во животот на главните личности ги прави уште потешко подносливи за нас како читатели.’’ Тругве Рисер Гундерсен, DAGBLADET
,,Петешон отвора рани и покажува како човек е осуден да избира, цело време, и колку болно може да биде тоа. Но исто така покажува и колку едноставно тоа може да даде слобода и нови можности. Тоа го прави на еден непретенциозен, емпатичен, но и силен начин.’’ Маргун Викингстад, DAG OG TID
,,Исклучително добро компонирано дело со сигурен стил. Најголемата сила на Петешон како писател е способноста да им даде литературна форма и глас на вообичаените човечки искуства. Место да се закопува во психологијата на исклучоците, тој го опишува емотивниот живот на обичниот човек на еден природен и уверлив начин.’’ Фроде Хелмих Педерсен, BERGENS TIDENDE