Кој би помислил дека избричените срамни брекчиња на жените можат да ги намалат фрустрациите во едно мало гратче за време на комунизмот, но во диктатура луѓето го преживуваат секојдневието токму благодарение на ваквите малечки, дофатливи радости. Такви се и јунаците на Шандор Жигмонд Пап, кои со својата грешност, беспомошност и своите инфантилни мечти се деца на некогашниот диктатор. Живеат во една „куќичка за кукли“ на улицата Трудбеничка, покриени под стакленото ѕвоно на Чаушеску. Нивниот живот е љубов, парада, предавство и страв, и само влакно разделува сè од ништо – реченица кажана во погрешен момент, случајна несреќа или промена на расположението на агентот на тајната полиција.
Романот со вознемирувачки, но и со утешлив хумор го опишува светот на Романија пред и по транзицијата. Неговите јунаци, преку кои немилосрдно гази историјата, преставуваат фигури од крв и месо, во кои, без исклучок, до крајот на приказната ги препознаваме нашите роднини и пријатели.