400,00 ден

На осамениот брег покрај морето

Автор: Зоран Фериќ
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 393
Година на издавање: 2020
Превод: Владимир Јанковски

На залиха

,
Сподели

Романот „На осамениот брег покрај морето“ е составен од девет приказни чии главни ликови се легендарните далматински „галеби“, тие сурови ловци на женски срца и тела, еден вид заштитен знак на југословенските летувалишта во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век.

Сместен на островот Раб, романот ги следи судбините на неколку (анти)херои и нивните бројни „подвизи“ на горчливо-духовит начин, специфичен за делата на Зоран Фериќ. Но, покрај машките ликови, слободно може да се каже дека поважни се блескаво разработените женски ликови, локални жителки и туристки, зашто тие ги диктираат нештата и околу нив се врти сѐ.

Растењето и созревањето, неуспешните љубови, фината меланхолија што провејува низ епизодите во кои ги следиме животните приказни на клучните ликови на ова дело го вовлекуваат читателот во временски не толку далечното, но со блага копнеж натопено минато. Теофил Панчиќ

Questions and Answers

You are not logged in