„Избраниот член“ е роман за едно нефункционално еврејско семејство, но и покрај трагичните елементи во оваа приказна, сепак комичното го прави овој роман вистинско читачко уживање. Норман е најпаметниот во едно тесно поврзано еврејско семејство од источниот дел на Лондон. Чудо од дете; брилијантен адвокат; зеница во очите на неговите родители… сè до неговата четириесетта година кога станува зависник од дрога, затворен во својата спална соба, на милост и немилост на неговите халуцинации и параноја. За Норман, одењето во ментална болница претставува врвен чин на предавство. За рабинот Звек, таткото на Норман, влошената состојба на синот е горчлив потсетник за неговата вина и неуспех. Само Бела, немажената инфантилна сестра со бели чорапчиња до глуждови, може да премине преку бездната на болка за да го овозможи неостварливиот мир меѓу таткото и синот, мирот по кој и двајцата толку очајно копнеат.
Сања Михајловиќ-Костадиновска – Во кратки црти
150,00 денЗбирката е подредена во три кохерентни циклуси: „Средби и сеќавања“, „Метаматерија“ и „Замислени светови“. Расказите се запишани во трето и почесто во прво лице, од веродостоен наратор, кој сепак повремено како со сласт да ужива и во неверодостојност, користејќи ја за заводливо да го води читателот низ приказната. […] Речиси сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати, кои сепак се некаде во современоста и во урбани средини, а тоа остава впечаток на автобиографичност на расказите. Но, овој пристап (неретко исповедниот тон и одмерената лиричност, кои ни за миг не оддаваат нијанси на патос) може да се гледа како мала, незабележлива и успешно приредена замка, а онаа нежна, спонтана запрашаност помеѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата е само уште една питка одлика на оваа збирка. […] Живко Грозданоски