630,00 ден

Забранетиот плод

Автор: Лив Стромквист
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Старо ново купувам
Година на издавање: 2021

На залиха

Сподели

Забранетиот плод се занимава со она што обично го нарекувамe „женски полов орган“. Но, што е тоа? И зошто човештвото има толку екстремно амбивалентен однос спрема тој дел од телото?
Во раздвижениот мозаик во кој се појавуваат старите Грци, жените од камената доба, Зигмунд Фројд, претприемачи збогатени од продажба на корнфлекс, Трнорушка, хиндуистички божици, Стиг Ларсон и учебници по биологија, Лив Стромквист се обидува да ја состави сликата на тој орган кој сликарот Гистав Курбе го нарече „зачеток на светот“.
Стрипов е историска анализа на конструкцијата на женскиот полов орган. Читајќи го, многу ќе научите, но и добро ќе се забавувате.

>>Забранетиот плод_Лив Стромквист_Првите десет страници

Лив Стромквист (Liv Strömquist) стана мошне популарна со својот прв стрип албум Hundra procent fet (Сто насто маснотија), по што следеа албумите Drif (Нагон, 2006), Einsteins fu (Ајнштајновата жена, 2008), Prins Charles känsla (Чувството на принцот Чарлс, 2010) и Ja till Liv! (Гласаме за Лив!, 2011). Стриповите се повеќекратно наградувани, а неколку од нив се поставени и во театрите во Стокхолм и Малме. Стриповите ги објавува во дневните весници Afonbladet и Galago, а има и свој популарен подкаст.

Преводот од шведски е на Родна Русковска.

Questions and Answers

You are not logged in