370,00 ден

Животот на животните

Автор: Џ. М. Куци
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: 20/21 Век
Година на издавање: 2021

На залиха

Сподели

Идејата за човековата суровост кон животните толку ја обзема романописателката Елизабет Костело што таа веќе не може да поднесе да ги гледа луѓето в очи: луѓето, особено оние што јадат месо, ѝ изгледаат како конспиратори во злосторство од вчудовидувачки размери, кое се случува на фармите и во кланиците, во фабриките и во лабораториите низ светот. Костело се соочува со разни сочувствителни и скептични реакции во однос на прашањата за правата на животните, допирајќи широки филозофски, антрополошки и религиски перспективи.

Оваа книга се состои од две предавања што нобеловецот Џ. М. Куци ги одржал во рамки на престижните Танерови предавања. Куци вешто конструира метафикционален текст кој се развива на рабовите на академската филозофска расправа и фикционалната книжевност, за да претстави силно потресна дискусија за правата на животните во сета нивна комплексност. Книжевноста, филозофијата, перформансот и длабоките човекови убедувања – Куци ги внесува во игра сите овие елементи.

Questions and Answers

You are not logged in