Последниот роман на Борис Вијан, напишан пред неговата смрт во 1959 година, е неговото најсериозно и најразиграно дело. Во низа бизарни и апсурдни епизоди, Виан ја раскажува приказната за психијатарот Жакмор кој, во потрага по “жртва” за неговите психоаналитички сеанси, доаѓа во едно приморско изолирано село, во кое живеат чудни жители со уште почудни навики. Покрај низата неразбирливи настани, како панаѓури на кои се продаваат луѓе или брутални жртвувања на животни, психијатарот се соочува и со најчудната загатка: трансформацијата на апсолутната љубов во насилство.
Томислав Османли – Стрип – деветтата уметност
500,00 денВо „Стрип – деветтата уметност“, како што загатнува насловот, Османли хируршки прецизно ја обработува стриповската полисемичност, внимателно анализирајќи го неговиот јазик и законитостите што го прават стрипот засебна уметност, и темелно истражува низ неговото минато доловувајќи дел од најбитните дела од деветтата уметност. Наспроти општото непрецизно мнение за стрипот како ништо повеќе од жанровска определба, засилено од холивудскиот тренд за филмување американски стриповски суперхерои, Османли одговара со пробивање на жанровските и тематски стеги и оди отаде стилските лимитации. И, водејќи се од мислата на стрип класикот Берн Хогарт за тоа дека „стрипот не треба да се бори да стане уметност, зашто тој веќе е тоа, но треба да се бори за неговото рамноправно место меѓу другите уметности“, Османли ѝ пристапува на оваа уметност како на (вистинска) уметност – академски, со сериозна посветеност и задлабочено.
Александар Стеванов