Во своите мали приказни, кои едвај се прикриени со мимикријата на басната, Бирс ѝ се препушта на својата цинична фантазија до крајни граници, маѓепсувајќи едни, а разгневувајќи други читатели. По Диоген, Емброуз Бирс е можеби најпознатиот мизантроп. Со таа разлика што Бирс воопшто не посегнал по ламба за да го бара човекот. Опседнат со бесмислата и механичноста на постоењето, тој ги претвора своите басни во пеколна песимистичка машина. Од овие мали ремек-дела, покрај апсурдот, блеска луцидноста на уникатниот црн хумор на Емброуз Бирс.
Попреченост: текстови за инвалидните тела
370,00 денАвтор: Зборник
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: 20/21 Век
Година на издавање: 2021