Атлас на облаците е замислен и компониран како музичко дело – секстет во кој се преплетуваат шест гласови, шест приказни кои меѓусебно се надоврзуваат и дополнуваат на уникатен начин. Дејвид Мичел генијално си поигрува со книжевните жанрови, со техниките на раскажување, со просторот и времето, со политиката и естетиката – и тоа со една единствена цел: да ја отслика вечната борба помеѓу надежта и нихилизмот, помеѓу уништувањето и креирањето. Понекогаш филозофски луциден, понекогаш комичен и длабоко искрен, а понекогаш и мрачно апокалиптичен, Атлас на облаците ги протегнува своите приказни низ период подолг од еден милениум за да наслика незаборавен портрет на човековата природа, со сите нејзини возвишени подеми и срамни падови и со сите теми кои го окупираат човештвото од неговото постоење, па сè до неговиот претпоставен крај. Во секој поглед, Атлас на облаците е уникатно и незаборавно книжевно доживување и денес, десет години по неговото прво објавување во 2004 година, важи за едно од највпечат ливите дела во светската книжевност на 21 век. „Атлас на облаците“ веќе цела деценија е еден од најуспешните бестселери во светот, а во 2013 година беше адаптиран и во игран филм.
„Од гледна точка на писателот, Атлас на облаците е многу ризично дело, затоа што наликува на кула од карти која во секој момент може да се распадне. За среќа, Дејвид Мичел поседува неверојатен талент да ја одржи оваа конструкција и преку неа да ни наслика чуда. Токму заради тоа Атлас на облаците е модерен класик, дело што ќе остане светла точка во книжевната историја. Неверојатно забавен и примамлив за читање, но неочекувано длабок и силен роман.“ I90The Guardian