Во „Аптека“, како и со првата поетска збирка, Ивана повторно настапува мултимедијално. Самата збирка е дел од поширок, комплексен проект кој вклучува поезија, музика, видео и перформанс.
Ова е трета публикувана книга и втора поетска збирка на Ивана (Скопје, Sci-fi Македонија, Балкан). Дополнително, нејзината поезија е забележана во неколку антологии, дигитални публикации, книжевни списанија, локални и меѓународни фестивали. Како и со првата поетска збирка („Минден Вернакулар“), Ивана (тогаш Јујо) повторно, во нејзин изворен стил, настапува мултимедијално. Имено, дел од песните во збиркава се достапни и како музички записи (види: SEERma).
Фрагмент од книгата овде