199,00 ден

Стравот на голманот од пенал

Автор: Петер Хандке
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 122
Година на издавање: 2009
Превод: Ива Фиданчева

На залиха

,
Сподели

“На монтерот Јозеф Блох, кој порано беше познат голман, претпладнето кога се пријави на работа, му соопштија дека е отпуштен.” Така почнува новелата на Петар Хандке, која веќе стана класика. Таа не е ниту психограм на еден убиец, ниту патолошко истражување за некаков социјален аутсајдер, туку повеќе парабола за еден непознат свет кој повеќе не може да се именува.

Хандке мајсторски го опишува очајот на поединецот, неговата изгубеност и истрошеност во современиот свет, депресијата и морничавоста на Европа во времето на Студената војна и малограѓанската австриска провинција. Сите нијанси на стравот пред самиот себе и својата околина се откриваат пред читателот низ особениот стил на Хандке. Јозеф Блох е вистински антијунак, од ден на ден во сè поголем расчекор помеѓу својот внатрешен живот и надворешниот свет на реалноста, а неговата шизофренија одлично ја оцртува состојбата на епохата. „Стравот на голманот од пенал“, според кој Вим Вендерс го сними прочуениот истоимен филм, го лансираше Петер Хандке меѓу најважните европски писатели во втората половина од 20. век.

Questions and Answers

You are not logged in