За Сузан Грин, неуредните емоции немаат место во равенката на нејзиниот совршено подреден живот. Живее во стан што е идеален за еден човек, има работа што одговара на нејзината страст кон логика и „меѓучовечки аранжман“, кој ѝ обезбедува културни и други, поинтимни придобивки. Но, одеднаш, соочена со загубата на мајка ѝ и со веста дека самата таа ќе стане мајка, во Сузан се буди најголемиот страв. Таа ја губи контролата…
Како што се приближува датумот за породувањето, така светот на Сузан сè повеќе се изместува од својата оска. Можеби, таа има шанса да ја најде вистинската љубов и да научи да се сака себеси, но само ако си дозволи да се опушти.
Никогаш не е предоцна да процутиш.
Андреј Ал-Асади – Утрото на бессоните
200,00 ден„Утрото на бессоните“ е втората збирка раскази од Андреј Ал-Асади, по „Друго минато“ (Темплум, 2018), за која ја доби наградата за дебитантско прозно дело „Новите!“. Во оваа збирка Ал-Асади одлучно и бескомпромисно го „истражува“ младиот човек во својот урбан контекст, во својата психолошка замрсеност, соочен со безизлезност, заробеност, несоодветност, меланхоличност, честопати отсликани со очудувачка и онирична форма, водејќи го читателот по патот на некоја друга, помалку позната или непозната човечка свест и потсвест. Патот по кој авторот го води читателот минува низ фантастични и завиени предели, притоа искажувајќи ја „многуслојноста“ на себеспознавањето на главните ликови, но исто така преточувајќи ја во алегорија за животот на урбаниот млад човек. Но, сево ова Ал-Асади не го искажува со неоснован бунт и младешки пркос, туку напротив, неговото пишување се одликува со самоуверена и концизна мисла, која засегнува пошироки, универзални и безвремени прашања што ја измачуваат човечката мисла (себеспознавањето, духовноста, несфатеноста, младешкиот идентитет…).