„Истанбул беше сказна“ на Марио Леви е сага за едно еврејско семејство од Истанбул, којашто опфаќа три генерации. Како сведок или како детектив којшто собира докази, нараторот шета по тесните улички на старите етнички квартови на Истанбул, собирајќи „сказни“, приказни за нивните жители, минати и сегашни, за луѓето коишто се чувствуваат се` помалку и помалку удобно во својот сопствен град, за трансформацијата на Истанбул од етнички разнообразната престолнина на Отоманската империја во предоминантно турски бизнис центар на републиканска Турција, Турција создадена од Ататурк и Инону. Неговите напори се напори на човек којшто се обидува да ја состави сложувалката во која на крајот мора да се вметне и себеси. Тој собира безброј сцени и слики – „стари фотографии“ – но никогаш не е задоволен од крајниот исход што го реконструира од нив. Како сведок, како набљудувач и протагонист, тој истовремено е и во приказната и надвор од неа. Заокружувањето на приказната е прологот во кој нараторот ја најавува својата цел со раскажувањето на овие приказни и епилогот во вид на писмо до анонимен примател, во кое нараторот, меѓу другото, раскажува за средбата во едно кафеанче со Двојникот, којшто на крајот испаѓа дека е самиот тој на стари години.
Оксана
250,00 денАвтор: Марија Колева Нешиќ
Издавачка куќа: Полица
Број на страни: 130
Година на издавање: 2021