490,00 ден

Земја на бегалци

Автор: Кица Колбе
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 490
Година на издавање: 2018

На залиха

,
Сподели

Да знаеја дека нема никогаш повеќе да се вратат дома, пред да појдат во шумите, тие барем ќе застанеа мигум м‘лченичкум среде одаите, во кои живееја од дедо-прадедо. Во молк ќе се простеа од нив. Ќе им кажеа збогум на гумната и на племните, на чардаците и на амбарите, на портите и на пенџерите. Ќе ги целиваа стисовите и портите стари како што од мртовецот се збогуваа со последно целивание. Ќе се збогуваа тие мигум од својот живот во тие одаи.

Тогаш сфати Фросе, некогашното дете на егејски бегалци, дека таа навистина е дел од нешто многу постаро. И многу поголемо. Постаро и поголемо од сите домови, од сите полиња и ниви. Од сета земја што ја изгубија нејзините роднини во својата татковина. Грција. Егејска Македонија. Тоа, на што таа припаѓа, е поголемо и од сите татковини. Постаро е тоа од сите напишани истории. На таа невидлива за светот земја на бегалците ѝ припаѓа Фросе Аврамова. На таа најстара земја на прогонот и бегството. Само на таа земја Фросе ѝ припаѓа вистински. Таа е вечниот засолн на прогонетите, отфрлените, пребегенаите. Вечната земја на бегалците. Таа постои над сите граници, над сите нации, над сите народи. Само таа е нејзината татковина.

Questions and Answers

You are not logged in