Светлана Алексиевич – Цинковите момчиња

350,00 ден

„На кој јазик зборуваме со самите себеси, со другите? Ми се допаѓа јазикот на живиот говор, со ништо не е обре­менет, пуштен е на слобода. Во него сè е разиграно и весело – синтаксата, интонацијата, акцентите – па чувството може точно да се реконструира. Јас го следам чувството, а не на­станот. Како се развивале нашите чувства, а не настаните. Можеби она што го правам прилега на работата на истори­чарот, но јас сум историчар на она што исчезнува без трага. Што се случува со големите настани? Тие се преселуваат во историјата, додека малите – но главни за малиот човек – исчезнуваат без трага. Денес едно момче (поради својата кревкост и болешливост, едвај личи на војник) раскажува­ше колку е необично и истовремено занесно да се убива во група. И колку е страшно да се застрела некој.“

„Животот е незамисливо уметнички сам по себе и – колку и да звучи сурово – особено уметничко е човековото страдање. Темната страна на уметноста.“

„Оддавајќи ѝ признание на личната храброст на војни­ците и офицерите, испратени од Брежњевото раководство на КПСС да се борат во туѓа земја, која претходно ни беше пријателска, искрено споделувајќи ја болката на мајките чии синови загинале по авганистанските планини, писа­телката, воедно, во оваа книга бескомпромисно ги разо­бличува сите обиди да се хероизира и романтизира срам­ната авганистанска војна, ја развенчува лажната патетика и бомбастичниот патос.“

Васко Марковски – Непозната Македонија

450,00 ден

„Непозната Македонија“ е еден голем мозаик составен од разнобојни, дребни, но филигрански обработени каменчиња, што функционираат како необврзна редоследна целина, пред сѐ според слободната сугестија на авторот на ракописот, но коишто, едновремено, можат да се читаат и независно и по слободен избор на редоследите, запазувајќи ги ­врските на прочитот единствено во најмалите мониста, кои Марковски ги ниже едноподруго, речито, од повеќе аспекти: од една страна информативно, но и чувствено богато – ­осветлувајќи места, простори и скриени урбани и природни локалитети, кои се дел од неговите, најнапред, лични преоткривања на просторот што толку многу му значи, и чии бројни аспекти и суштини ги споделува со својот читател како од него откриени, а од нив многу притаени и скриени скапоцености на овој така слоевит и богат простор… Во неговата книга се вкрстуваат сегашните објекти, простори, изгледи и минати приказни, митови, истории, ликови во една долга и богата низа од сказови, патеписи, репортажни записи и сведоштва на изворни личности.

Томислав Османли

ТАЈНАТА КНИГА НА БОГОМИЛИТЕ

300,00 ден

Мистеријата со која е обвиткано богомилското движење  се должи и на фрагментарната и само делумно сочувана изворна граѓа. Еден од најмистериозните манускрипти е Тајната книга, која содржи резиме на богомилската доктрина и се смета за автентично дело на богомилската литература.