Неодреден предел
299,00 денАвтор: Петер Штам
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 146
Година на издавање: 2008
Превод: Ива Фиданчева
Автор: Петер Штам
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 146
Година на издавање: 2008
Превод: Ива Фиданчева
Автор: Геза Чат
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 133
Година на издавање: 2007
Превод: Анамарија Цинеге Панзова
Автор: Џон Куци
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 175
Година на издавање: 2006
Превод: Румена Бужаровска
Автор: Густав Х. Груѓински
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 109
Година на издавање: 2006
Превод: Лидија Танушевска
Автор: Ханиф Курејши
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 122
Година на издавање: 2005
Превод: Саше Тасев
Автор: Бернхард Шлинк
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 180
Година на издавање: 2004
Превод: Ксенија Чочкова
Автор: Зоран Фериќ
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 393
Година на издавање: 2020
Превод: Владимир Јанковски
Бауман е еден од најзначајните социолози и филозофи на дваесеттиот и дваесет и првиот век. Автор на голем број дела, дел од кои се објавени од Слово на македонски јазик. Во книгата Странци пред нашата врата станува збор за проблемите поврзани со феноменот на бегалтвото од насилство и војни, проблеми со кои сите ние се соочуваме секојдневно. Се разбира, книгава го третира тој проблем на аналитичко, спциолошко и антрополошко ниво. Проблемот на бегалството е фенеомен со кој човекот се соочува од најраните периоди. За луѓето зад затворените врати, бегалците, како и овие денес од Блискиот Исток или Авганизтан, се секогаш странци, странци кои генерираат страв и неудобност, покрај другото затоа што се непознати, затоа што се туѓинци. Денес ние сме соочени со екстремни форми на бегалство, кога тв и другите медиуми се полни со тнр. „мигранска криза“ која ја покрива Европа. Дебатата открива дека огромен број луѓе, евтропско население, е опфатено од страв, од зло, како што се вели, кое му се заканува на комотниот и мирен живот. Бауман ги анализира корените, причините и последиците од оваа „морална паника“. Тој покажува како политичарите го употребуваат стравот од доаѓањето на туѓинците, како тој страв се шири до големи размери, поврзан со оние кои најмногу изгубиле, бедните и напуштените.
Глувци и луѓе е приказна за двајца осамени и отуѓени работници, кои во времето на Големата депресија во потрага по работа талкаат по прашливите зеленчукови полиња на Калифорнија и прифаќаат ангажман секогаш кога можат, живеејќи од ден за ден.
Лени е нежен, огромен и физички силен, но ментално заостанат. Џорџ, „мал, брз и со темно лице“, го штити и го води Лени, но истовремено и зависи од неговото пријателство. Заедно сонуваат еден ден да поседуваат парче земја и колиба што ќе биде само нивна.
Џорџ и Лени се, всушност, изгубените глувци во лавиринтот на модерниот живот. Наивни луѓе чијшто свет се руши кога ќе се соочат со реалноста во која доминираат материјализмот и алчноста. Нивните надежи за остварување на американскиот сон брутално ќе бидат уништени со трагичниот инцидент, кој ќе ги направи аутсајдери во општеството што засекогаш ќе им остане туѓо.
Стајнбек со навидум едноставен, а сепак полн со значења јазик ги опишува природата, луѓето и релациите што тие ги создаваат. Тој е автор со силно развиено чувство за психолошко нијансирање, создавање напнатост и драмски ситуации. Поради сето ова, Глувци и луѓе спаѓа меѓу најдобрите куси романи во американската книжевност на сите времиња.
елата гарда е роман за снежниот Киев зафатен од домашната војна. Тоа е роман за машкото пријателство и братската љубов; исто така за радоста, еуфорична и погубна, што им се случува на младите луѓе во предвечерието на битката, додека никој сѐ уште не загинал и никој не се свил во клопче за време на преслушувањето. Најпосле, романот е ода во чест на Градот – градот на кој авторот му изразува толкава чест што неговиот назив ниту еднаш не го споменува во своето дело.
Белата гарда е делото сокриено некаде по патот на светската литература на кое наидуваат новите поколенија читатели восхитени од Мајсторот и Маргарита. А, сепак, Белата гарда е голем роман – најтипичен за Булгаков, а сигурно највкоренет во неговиот живот. Мајсторот и Маргарита е роман создаден од неговата визија, верата и стравот: Белата гарда е исткаен целосно од неговите спомени.
Кратката проза на Михаил Булгаков по својот книжевен дострел стои рамо до рамо со неговите романи и драмски текстови. Пишувани во 1920-ите години и претежно објавувани во тогашните весници и списанија, овие раскази се полигонот во кој се развива писателскиот гениј на Булгаков. Тие неретко наликуваат на стилски етиди и тематски скици за идните долги прозни дела на овој книжевен еретик. Елементите на мрачност, гротескност и сатиричност – карактеристични за општата поетика на Булгаков – се подлога на стилот и тематските преокупации и на неговата кратка проза. Расказот, впрочем, и во неговиот случај се јавува како антиципација и сублимација на богатството на авторската фантазија.
„За нас проблем е времето, трепетлив проблем, можеби највиталниот од метафизиката; вечноста – игра или тегобна надеж.“ Овој цитат од славниот есеј на Борхес – Историја на вечноста (1935 г.), ја навестува темата на двете други скици – Доктрината за циклусите (1934 г.) и Кружното време (1943 г.) – во кои авторот аргументира дека идеите за вечното враќање и за кружното време, во суштина, имаат димензија на фантастични инвенции. Збирката, исто така, содржи и три книжевни есеи: фасцинантната студија за метафората (Кенингар, 1933; Метафората, 1952), како и феноменалната историја на преводите на Илјада и една ноќ (Преведувачите на Илјада и една ноќ, 1935 г.). Збирката ја комплетираат расказите кои имаат намера да бидат еден вид рецензии (Приближувањето до Ал-Мутасин, 1935) и духовитата расправа за стратегиите на навредувањето (Уметност за навредување, 1933).
Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува… Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е прониклива студија на загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев.
Преку фантазијата на читателот минува колоритен воз од приказни полни со фантастика. Дури и суровата смрт малку се крие во таа фантастика. И од секоја приказна заплашува човечката свирепост, бидејќи во човекот толку има добрина „колку што има шафран во на сиромавиот кашата “. Ниедна од овие приказни нема добар завршеток. Злокобната басна го навестува крајот на светот, кој ќе започне од улицата Гундулиќева.
Овој книжевен обид несомнено има силна енергија, зборовите како да скокаат по парчињата хартија создавајќи слики, останувајќи за кратко пред нас, за потоа да бидат заменети со нови и уште посилни. Најверојатно тоа би бил и најпрецизниот опис на Тарантула, низа од слики што како вагони од некој психоделичен воз се нижат низ свеста без намера долго да се задржат, но, сепак, да остават силен впечаток дека сме доживеале ново и поинакво читачко искуство. Текстот претставува дестилат на Дилановиот занес, ексцентричност, мудрост и имагинативна енергија. Експлодира пред нас како некаков вербален пандемониум. Воодушевеноста од Бит-движењето, од слободата на изразот на Бит-генерацијата, од експериментирањето со психотропни супстанции како креативен стимуланс можеби било она што го натерало Дилан да го напише ова експериментално парче проза преплетено со поезија. Надреалистичкиот стил (наводно во тој период Дилан обожавал да го чита Рембо) под силно влијание од Џек Керуак, Алан Гинсберг и Вилијам Бароуз, изведен со Џојсовата техника „тек на свеста“, ни најмалку не е спокојна литература за обичниот читател, туку динамична јазична анархија што напати сосема ја губи смислата. Брзата испресечена синтакса го прави јазикот напнат, го нарушува нормалниот тек на мислата и создава чудни и неочекувани идеи и слики.
„(…) (Бес)конечни модели на расказот содржи 80-ина куси раскази поделени во неколку циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, функционални, опасни, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај и минијатурни раскази за пополнување страници. Веќе самите наслови укажуваат на креативноста и инвентивноста, оригиналноста и игривоста на нивната авторка. Имено, во средиштето на оваа книга се тринаесетина (според бројот на циклуси) модели на раскази, варијанти на пишување куси куси раскази; тоа се раскази за расказот, еден вид луцидни упатства и сугестии за тоа како се пишуваат раскази и какви сѐ облици и модели на краток расказ можат да постојат, како и кои се нивните парадигматични обележја. Фасцинира, притоа, богатството на аналогии и асоцијации на творечкиот чин со најобични, дури и банални ситуации и објективни предмети од непосредната реалност.“
„(…) Ефектни, енергични и динамични, минијатурите на Михајловиќ-Костадиновска се одликуваат со една згусната форма, нагласена сликовитост и висок степен на култура на изразот. Истите нудат мошне впечатливи, интересни и возбудливи коментари за видовите нарација кои, несомнено, ќе ја разиграат читателската фантазија и ќе понудат неповторливо читателско искуство. Авторката вешто си поигрува со поривот за раскажување/нарација на еден мошне инвентивен и оригинален начин.“
Лидија Капушевска-Дракулевска
Измислените суштества што се појавуваа на страниците на оваа книга, која ги сплотува ерудицијата и привлечноста, некогаш поттикнувале восхит или страв, ги инспирирале човечките верувања и суеверијата. Особени примери од фантастичната фауна, расеани по разни религии и митологии, а исто така и по литературните дела, се закануваат со пеколни страдања, некогаш со волшебнички благослов, а понекогаш влегуваа во сферата на метафизиката. Како што пишува самиот Борхес: „Насловот на оваа книга ќе ги оправда вметнувањата на принцот Хамлет, на точката, на линијата, на површината, на хиперкубот, на сите општи зборови и, можеби, на секој еден од нас и на Господ. Начелно, на речиси целиот свет. Како и да е, прибегнавме кон она што веднаш го навестува изразот измислени суштества. Составивме прирачник за чудните суштества што ги има создадено, во текот на времето и во просторот, фантазијата на луѓето.“