• 0 Производи - 0,00 ден
    • Нема производи во кошничката.
СЕРИЈА ЗА МАРАТОНЦИ

Кралицата ќе издржи

од ВЕСНА КИРАЏИЕВА

single-image-09

“Кралицата ќе издржи” – Дел од серијата за маратонци, со совети за исхрана, животен стил, која не учи како да стигнеме до целта.

vesna

Иако за атлетиката е важен тренингот, продготовката и менталната изджливост, за она што сум денеска исто така се многу заслужни книгите и образованието. Денеска често читам електронски, но не само на телефон. На сите нас, а особено на младите, дигиталните технологии им се многу важни и од голема корист за нивната иднина и развој на таленти“.

single-image-10
ВЕСНА КИРАЏИЕВА

/ Автор

Прочитај ги првите страни
БЕСПЛАТНО

Љубљански маратон 2012, снег и 2 °C н разбудија тоа доцно, ок- томвриско, маратонско утро. На крајот од денот бев разочарана со резултат од 1:31.58, бидејќи за педесетина секунди не успеав да си го соборам сопствениот и, воедно, македонскиот национален ре- корд, којшто таа пролет го направив во Прага, иако (како и секо- гаш) дадов с од себе.

Понекогаш, особено на вакви почетоци како овој, е добро да подзастанеме и да помислиме што би значело нашето присуство, како може ние да помогнеме и да придонесеме, наместо што може да добиеме. Секако, и тоа е главен фактор и мотиватор, но пак ќе речам, елитните тркачи на секој маратон во светот се оние топ 10, максимум 20. Останатите се рекреативната маса. Тие го градат и го растат маратонот. Тие трчаат за забава, шегување, дружење, предиз- вик, подобрување на сопствените резултати. Не се тука за награда. Тие, во Њујорк, даваат повеќе од 200 долари за котизација, во Бер- лин и Минхен, по 70-90 евра итн. Со стартниот пакет го добиваат истото тоа што го добивате и вие: маичка и бројче. За финиш – ме- дал. Ама не ги слушате да се жалат дека е скапа котизацијата, дека ја бојкотираат трката или дека не знаат да уплатат со картица. И тоа се градело со децении. Бостонски оваа година направи 120 години. Никако не мерете го квалитетот, масовноста на тркачите и публи- ката со овие кај нас. Ним им требале 120 години спортска култура за да стигнат дотука. Ќе стигнеме и ние, и тоа многу побрзо, само со заедничка поддршка, особено од домашните тркачи.

Среќен празник, Македонци, се гледаме на следната трка!

Да претпоставиме дека, во идеални услови, би започнале со подго- товка за маратон околу четири-пет месеци, или минимум три ме- сеци пред трката. Ова, се разбира, го кажувам за почетници или за некои кои рекреативно трчаат, но немале некоја тренинг-програма, тренер или каков било друг начин за да работат поконкретно на под- готовка за маратон. Поискусните тркачи и атлетичарите секако дека ова го работат во континуитет, па полесно може да влезат во форма и овој распоред на базата полесно ќе го разберат и доколку сакаат, ќе ја адаптираат својата програма на мојот стручен предлог и совет.

ТЕСТЕМОНИЈАЛИ

Види оцени од нашите читатели

КНИЖАРНИЦА

Може ти се допаѓа

Ти се допаѓа оваа серија?

Сподели сега

од ВЕСНА КИРАЏИЕВА

Кралицата ќе издржи