Рекоа за Ши
:
Ова дело е доказ дека кога на едно место ќе се сретнат
брилијантен ум, ерудитско знаење, остроумен хумор и талент
за пишување, не мора по секоја цена да излезе добар роман.
Коља Мрак
Толку често сум цитиран во романов, што во еден момент
помислив дека јас сум го напишал.
Валтер Бенјамин
Мислам дека гавранот е земен од кај мене.
Едгар Алан По
Ми се допадна местото во книгата каде што авторот вели дека
ги сака моите кратки раскази, но не би се согласил
со него за моите филмови – тие се исто така многу добри.
Вуди Ален
Никогаш не сум носел чадор, а не пак, да сум удрил некого по
глава. Но, тоа што сум претставен така многу зборува за
личноста на авторот и за социјално-психолошката
состојба во која го создал ова недело.
Ернест Бекер
Донеси шише ракија кога ќе идеш наваму, Гане нѐ отру
со смутија.
Петре
Зошто не пробаш од ова да направиш филм?
Дејвид Мемет
Нe мачи се, нема будала што ќе ти го режира!
Квентин Тарантино
Јас би пробал, и така немам свежа идеја што би ја искористил
за мој последен филм.
Мартин Скорсезе
Ве читам и се смеам.
Смртта
Миљенко Јерговиќ – Иншала, Мадона, иншала
500,00 ден„Иншала, Мадона, инашала“ е збирка раскази во кои се прекрстуваат традиционалната и современата проза, Западот и Ориентот, минатото и сегашноста, христијаните и муслиманите, босанските севдалинки и далматинските клапи, Каурите и Турците, Османлиската и Хабсбуршката империја, старата и новата Југославија, Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците, Далматинците, Херцеговците, Арапите, Евреите – сето она што ја прави Босна истовремено меланхоличен и живописен предел, исто како што во севдата се соединети љубовта и болката. Јерговиќ на уникатен начин ги опишува социјалните прилики во Босна и Херцеговина и Хрватска. Низ приказни пишувани како ремикс на народни песни и севдалинки, со сликовит и жив јазик, кој не бега ни од несекојдневните и нестандардните изрази (архаизми, исламизми и несекојдневни фразеологизми), Јерговиќ ја слика тешката стварност на Босна низ вековите. Во расказите е ставен силен акцент на меѓуверските односи помеѓу христијаните и муслиманите низ историјата, но и во сегашното време. Сепак, расказите не се дидактички, па поуката е скриена некаде во заднина, оставена на читателот самиот да ја досегне, иако е можно да се каже дека секоја приказна има своја главна мисла, но заедничкиот именител им е истакнувањето на бесмисленоста на меѓуверската омраза, како и на долговековната реалност на овие простори.