200,00 ден

Шепотот на Данте

Автор: Силвија Митевска
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 96
Година на издавање: 2018

На залиха

,
Сподели

Расказите во Шепотот на Данте, осум на број, на чудесен начин го продолжуваат тематското ткаење на Митевска започната уште со првата нејзина збирка раскази Додека Данте спие што имаше убав успех кај читателската публика. Нема сомнеж дека преку постапката на очудување, Митевска го слика нашето секојдневие, но секогаш видено од нејзин специфичен агол, максимално изневерено а со тоа суверено претворено во убава, сугестибилна проза. Во сите осум раскази, од „Бесмислица“ до последниот „Мојата среќа“ Митевска излегува од рамките на секојдневното и моќно го надоградува истото за кога ќе ни го презентира напишаното, да не изненади со ефектен крај смислен од оваа наша уникатна раскажувачка.

Драги Михајловски

Questions and Answers

You are not logged in