Збирката раскази сведочи дека Крстески „има око“, односно поседува сликарски талент, што е очигледно од неговите изложби, а во книгата и од оптичкиот квалитет на неговите секојдневни глетки. Ова е прва раскажувачка книга на Крстески, но по нејзиното прочитување, недвојбениот впечаток е дека авторот додека ја создавал имал голема глад за пишување. Јунаците на неговите раскази умеат да ги видат и да ги опишат видливите, но и потскриените нијанси на надворешното и внатрешното живеење. Неговата проза има животен ритам. Книгата раскази „Три дена во Париз“ на Емил Крстески ќе ги привлече читателите кои се духовити, човечни и противници на приватните и општествените репресии. Уживајте! I165Александар Прокопиев
ГЛАДОМОРЈЕ од Јована Матевска Атанасова
300,00 ден„Гладоморје“ претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење, во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.