Зошто небото е без ѕвезди? Како мравката прославува роденден? И кога буквите од книгата играат танго? Потрагата по одговори во овој чудесен свет од слики и звуци претставува радосна игра за сетилата и духот, вистински празник на мигот овде и сега. Оваа книга на Владимир Мартиновски нуди една неповторлива читателска авантура. Лидија Капушевска-Дракулевска
„Кој не знае да чека, џабе брза!“ – така започнува еден од 77 хаибуни за уметноста на дребноста, за оние работи што брзите луѓе не ги забележуваат, а бавните секогаш одново ги зачудуваат. Владимир Јанковски