„Дневна соба“ на Јана Лозаноска претставува возбудливо четиво за длабокиот процес на човековото внатрешно растење, за потребата од постојаното понирање во внатрешниот свет како начин на расоблекување на душата и нејзино ослободување од слоевите на стравовите, неискреноста но и удобноста на надворешниот свет како пречки кои го затемнуваат повторното раѓање, светењето на личниот, интимен и длабок човечки свет. Преку вкрстувањето на постапките на монологот и дијалогот и преку вештото ослонување на визуелните области на сликарството и фотографијата авторката ги креира, расне и оспособува своите четири лика во современи носители на оригинални примери за преиспитувањето и осознавањето во процесот на човековото будење. Ваквата книжевна постапка на Јана Лозаноска успешно нивелира во структуралната, содржинската, книжевно-јазичната и естетската хармонија на делото, а сето тоа заедно го отелотворува возбудливиот, слоевит и примамлив ракопис насловен „Дневна соба“. Софија Грандаковска
Човекот што зборуваше змиски Андрус Кивирахк
400,00 денОва е приказна за момчето Леемет, жител на една естонска шума во времето на средновековна Европа, кој има за задача да ги зачува древните традиции на прагот на модерното време.