350,00 ден

Резервен живот

Автор: Лидија Димковска
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 368
Година на издавање: 2012

На залиха

,
Сподели

Роман на годината 2012 на Друштво на писатели на Македонија

Европска награда за литература 2013

“Резервен живот” е втор роман потпишан од Лидија Димковска, несомнено најсилниот творечки глас од генерацијата македонски писатели родени во седумдесеттите. Реткост е, не само кај нас, да се биде подеднакво успешен и во поезијата, и во прозата, но таа реткост е правило кај Димковска, правило кое го потврдува со секоја своја објава – таа е подеднакво моќна во своите пет поетски збирки (за чија вредност сведочат бројните избори објавени во странство, и неколкуте високи меѓународни признанија), како и во романот „Скриена камера“ (за кој ја доби наградата „Стале Попов“ и е преведен на неколку јазици).

„Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност. Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 год. од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја. Играта на претскажување на судбината со која романот започнува се исполнува на ироничен и трагичен начин, а романот го завршува својот круг со реплика на почетната сцена на делото, но во која нараторката не е повеќе учесник, туку нејзин сведок. Романот преку необични пресврти, психолошка анализа, специфичен пристап кон љубовта, стварноста и кон времето во кое живееме ја истакнува храброста на Димковска да им даде книжевен облик на актуелностите на нашето време и на судбината на човечкото битие. Гоце Смилевски

Questions and Answers

You are not logged in