200,00 ден

Варијации на магичниот реализам

Автор: Фросина Пармаковска
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Есеи
Број на страни: 163
Година на издавање: 2015

На залиха

,
Сподели

Книгата се занимава со специфична и не толку позната тема кај нас која ја проследува појавата на магичнореалистичната нарација во светски и македонски рамки, нејзината концептуализација, варијабилност и типологизација. Поаѓајќи од историјатот на терминот магичен реализам, кој се појавува во раните дваесети години на минатиот век и паралелното и взаемно фигурирање на чудесното и реалното, се открива суштината на овој комплексен и суптилен феномен. Авторката се труди да го разјасни концептот на магичниот реализам преку неговите допирни релации со други блиски поетики и области (особено оние кои го имплицираат присуството на чудесно) како надреализмот и фантастиката. Посебно внимание му се посветува на присуството на реализмот во магичниот реализам, кој е дефиниран како стремеж кон подобрување на реалистичната нарација…

„Варијации на магичнот реализам во светскиот и македонскиот роман“ од Фросина Пармаковска претставува успешен обид за доближување на концептот на магичнореалистичната нарација на македонската научна јавност. Посебен придонес претставува, предложената сопствена систематизација и типологизација, која говори за една прецизност, акрибичност и посветеност на материјата која се обработува.

д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

Questions and Answers

You are not logged in