350,00 ден

Готленд

Автор: Мариуш Шчигел
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 246
Година на издавање: 2016
Превод: Лидија Танушевска

На залиха

,
Сподели

„Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен.

Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други.

Книгата има одлична композиција, произлезена од повеќегодишни истражувања, разговори, посети и пишани материјали. Овие репортажи честопати наликуваат на есеи и на раскази. Тоа е продолжение на полската традиционална школа на литературна репортажа, која претставува мешавина на факти, добро изградени ликови, поетски наратив и артистичка рефлексија на одредени настани и ситуации.

Заснован на минуциозни истражувања и стотици интервјуа со сите, од филмски работници, писатели и поп-ѕвезди до обични граѓани, Готланд претставува калеидоскопски приказ на еден истраен народ што преживува тежок, а честопати и бизарен период – подеднакво смешен, вознемирувачки, возбудлив и апсурден, со еден збор… кафкијански.

Questions and Answers

You are not logged in