Брилијантна, одлично осмислена хичкоковска приказна со висок фактор на морничавост. Хафингтон пост
Се мислам да ставам крај почнува со тоа како безимената нараторка и нејзиното момче тргаат на пат со цел да се сретнат со родителите на момчето на една изолирана фарма, за да се претвори во вознемирувачко преиспитување на идентитетот, каењето и копнежот. Страшно до уживање. Д Глоуб и мејл
Ова е најхрабриот и најоригиналниот книжевен трилер во поново време. Чикаго трибјун
Се мислам да ставам крај е ингениозно извитоперено кошмарно патешествие низ кревката психа на двајца млади љубовници. Мој тип забава!
Чарли Кауфман, режисер, сценарист и продуцент, автор на „Да се биде Џон Малкович“, „Адаптација“ и „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“.