„Природен роман“ излегува во 1999 година, по освојувањето на наградата на националниот конкурс за најдобар ракопис на модерен бугарски роман. Во меѓувреме тој стана еден од најпопуларните бугарски романи, високо ценети од литературната критика и преведен на дваесетина светски јазици, а во 2014 година влезе на листата на 20 најдобри источноевропски романи во 20 век на Library thing.
ПОНЕДЕЛНИК ИЛИ ВТОРНИК од Вирџинија Вулф
300,00 денВирџинија Вулф, еден од најистакнатите критичари и најоригиналните автори на дваесеттиот век, пред објавувањето на оваа збирка раскази во 1921 г. зад себе веќе има два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писател со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време.