„Малку“ е приказна за две 11-годишни момче и девојче со исто име, Дерда, чија судбина на крајот ќе ги спои, и покрај турбулентните животни приказни низ кои ќе поминат. По нивната прва, случајна средба на гробиштата, каде Дерда е присилена да прави нешто што не и се допаѓа,а Дерда наивно и приоѓа за да и ги измие рацете, нивните животни судбини се упатуваат во сосема различни насоки, при што онаа на девојчето Дерда од неа ќе направи препознатлива ориентална икона во перверзен контекст, а онаа на момчето од него ќе создаде убиец во име на идеалите на сите обесправени во овој бескомпромисен свет. Без влакна на јазикот, авторот Хакан Ѓундај раскажува провокативна приказна за насилството од А до Ш, за суровоста на животот, за интензитетот на љубовта, сето тоа низ сериозен јазик, кој на главните ликови на крајот им дозволува да ги скршат ѕидовите околу нив и конечно да се пронајдат себеси во Другиот.
Драго Јанчар – Џојсовиот ученик
250,00 ден„Џојсовиот ученик“ од Драго Јанчар е збирка раскази изградени околу ликови вовлечени во значајни историски настани. Насловниот расказ е инспириран од страшната и вистинска животна приказна за Борис Фурлан, млад човек што одел на часови по англиски јазик кај Џејмс Џојс, додека тој предавал на универзитетот во Трст, воведувајќи ги своите студенти во суптилностите на јазикот преку описите на газиена ламба. Додека приказните обработуваат разни теми на различни локации и ситуации, од службено патување во Њујорк до аџилак до Сантијаго де Компостела, наративите споделуваат расположение на опасност и мрачност. Анонимни армии вршат масакри, лекар е опседнат со очите на Ајнштајн… Но, и покрај целата бруталност и смрт, читателот не ја чувствува книгата како мрачно или депресивно четиво. Низ расказите се чувствува и повев на остра смисла за хумор, што ја отвора вратата за нова светлина. Опишан како „сеизмолог на хаотичната историја“, Јанчар се потврдува како еден од водечките словенечки литературни гласови на неговата генерација преку оваа исклучителна збирка кратка фикција.