Романот „Како да се упокои вампир“, базиран на личните искуства на Пекиќ од неговата петгодишна робија, е напишан во 1977 година, а објавен е како победник на анонимен конкурс за најдобро прозно дело. Веднаш по откривањето на идентитетот на авторот, романот е забранет и, иако доживува превод на многу странски јазици, на српски е ре-објавен дури во деведесеттите години на 20 век.
Томислав Османли – Стрип – деветтата уметност
500,00 денВо „Стрип – деветтата уметност“, како што загатнува насловот, Османли хируршки прецизно ја обработува стриповската полисемичност, внимателно анализирајќи го неговиот јазик и законитостите што го прават стрипот засебна уметност, и темелно истражува низ неговото минато доловувајќи дел од најбитните дела од деветтата уметност. Наспроти општото непрецизно мнение за стрипот како ништо повеќе од жанровска определба, засилено од холивудскиот тренд за филмување американски стриповски суперхерои, Османли одговара со пробивање на жанровските и тематски стеги и оди отаде стилските лимитации. И, водејќи се од мислата на стрип класикот Берн Хогарт за тоа дека „стрипот не треба да се бори да стане уметност, зашто тој веќе е тоа, но треба да се бори за неговото рамноправно место меѓу другите уметности“, Османли ѝ пристапува на оваа уметност како на (вистинска) уметност – академски, со сериозна посветеност и задлабочено.
Александар Стеванов