170,00 ден

Златен оков

Автор: Џанг Ајлинг
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 98
Година на издавање: 2012
Превод: Сара Цветановска

На залиха

,
Сподели

„Златен оков” претставува остар и безмилосен опис на жена во една Кина која се менува, морален и ментален распад вклештен во Шангај во раните години на 20. век. Без сомнение, ликот на Седменка е еден од најнезаборавните иконични карактери во модерната кинеска книжевност. (Kim Louie,2012)

Несомнено, во Вашите раце држите драгоцена книга, која според многумина е најдобрата кинеска новела во 20. век, и секако, таа е еден од ретките преводи од кинески на македонски јазик. Провокацијата за превод на Џанг Аилинг потекна од фактот дека таа, како што вели нашата ценета преведеувачка Сара Цветановска, “ги прекалува искуствата од својата рана младост, прустовски се сеќава и пресеќава, создава уметност од сеќавањата, и преку секогаш новиот книжевен израз, при новото (о)пишување, ги преобличува и самите сеќавања”, сето тоа заради нејиниот татко, кој иако високо школуван и повластен, завршува како опиумски зависник, се преженува и во една прилика, заради пркос кон помајката, ја држи Аилинг затворена во нејзината соба со месеци, истоштувајќи ја речиси до смрт. Токму ваквите искуства од “Златен оков” прават мало ремек-дело, а книжевноста на Аилинг ја споредуваат со онаа на Вирџинија Вулф, Џорџ Елиот, Франц Кафка, Фланери О`Конор…

Questions and Answers

You are not logged in