270,00 ден

Разнишан свет

Автор: Ирена Јурчева
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Катапулт
Година на издавање: 2021

На залиха

Сподели

Расказите во книгава започнуваат со секојдневието на скопскиот плоштад а завршуваат во неименуван град во угнетувачко дистописко општество. Секој од нив е фрагмент од еден бездушен свет сместен во блиска иднина, којшто истовремено се чини мошне познат.

Ова не се класични дистописки раскази, туку се доминантно психолошки, испреплетени со внатрешни борби на ликовите. Ликовите, на прагот на едно ново време, фрлени во студенилото на постоењето и турнати во неправди, поставени се пред изборот да ги прекршат наметнатите норми. Тие се соочуваат со потребата од откривање и испитување на божјата димензија и на човечкото во себеси. Полни со симболи и со алузии, на работ помеѓу сонот и јавето, расказиве навлегуваат во чудесното и фантастичното. Колку што се мрачни, толку се и светли.

Questions and Answers

You are not logged in