400,00 ден

Ѓоко Здравески, Ана Голејшка-Џикова – Астални проекции

„Астални Проекции“ – поетскиот маратон кој четириесет месеци им даваше посебен „шмек“ на скопските вечери и ноќи – на астал.

Скопскиот „пијан брод“ што го кормилареа Ана Голејшка и Ѓоко Здравески секој прв вторник во месецот се прибираше во својот пристан, чаршиската „Менада“, за да прими нови патници, а оттаму пловеше без котва и сѐ уште се снове по нашите мисли и животи. На неговата палуба запознавме стотици поети и поетеси од нашето маало и од светот. Екипажот ни го пренесува во книгава курсот на патешествието, за да го фатат и оние што задоцниле, а на другите да не им избега од вид. Втората, исклучително драга книга во монографската едиција „Плочка“ го документира – со стихови и слики – едно од нашите најубави градски искуства. „Кај и да е, кај и да е…“
Сподели

Автор: Ѓоко Здравески, Ана Голејшка-Џикова
Издавачка куќа: Бегемот
Број на страни: 200
Година на издавање: 2018

Questions and Answers

You are not logged in