Ѓаволовиот речник е буквар на црниот хумор! Денес книгата може да се чита како постмодернистички текст. Аргументите се: » преобликувањето на неуметничката литерарна форма и нејзиното подигнување на уметничко ниво; » пародијата на тоа преобликување; » мешањето на книжевните родови; » користењето псевдо цитати од книжевни и научни дела; » алузии на постоечки книжевни дела и нивно пародично парафразирање… Сите овие елементи овозможуваат текстот да се чита како вистинска литература.
Ембоуз Бирс беше еден од најраскошните мизантропи, модерен крал на циниците!