Автор: Хорхе Луис Борхес
Издавачка куќа: Бегемот
Број на страни: 149
Година на издавање: 2017
Данило Коцевски – Интелектуалци, политика, култура
500,00 денНовата книга на Данило Коцевски – „Интелектуалци, политика, култура“, изобилува со критичко-есеистички интонирани текстови, сѐ до нагласено полемички теми. Во нив низ критичка опсервација на низа актуелни случувања од областа на книжевноста, културата, политиката, филозофијата и урбаните феномени е прикажан духот на нашето време. Данило Коцевски во оваа книга ја анализира улогата и позицијата на интелектуалците во современото општество. Книгата е поделена на три дела. Секој дел од тријадата „интелектуалци, политика и култура“ го загатнува односот помеѓу интелектуалците, политиката и културата. Овој однос станува особено интригантен во денешното време, кога владее глобална релативизација на вредностите, каде што не постојат цврсти средишта, авторитарни тврдења, беспоговорни вистини, идеологии и толкувања. Коцевски, на својот единствен и оригинален начин, преку своите текстови ги анализира основните прашања на денешното живеење – каква е и во што се состои политичката улога на интелектуалците денес и каков е нивниот однос кон политиката, општеството и културата. Всушност, книгата „Интелектуалци, политика, култура“ дава луцидни коментари за интелектуалната и политичката состојба кај нас и во светот. Книгата „Интелектуалци, политика, култура“ е обид не да се „избега“, туку напротив, да се биде во фокусот на настаните.