Си седиме на ладниот кујнски под.
Тој жив, јас мртва во неговите прегратки.
А не сакам да оди во затвор, да можеше да ме чуе ќе му кажев да се собере и да најде начин да ми го фрли телото некаде, во некој ендек, да изгледа како несреќа. Можеби ме убил некој крадец, ме силувал некој силувач, ме измачувала некоја ментално нестабилна личност, нешто, што било можело да ми се случи.
Но тој седи и плаче како мало дете.
Па, добро, ништо страшно, еднаш секако ќе се разделевме, некој мора да умре.
Што е важно каква е смртта.
ГЛАДОМОРЈЕ од Јована Матевска Атанасова
300,00 ден„Гладоморје“ претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење, во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.