300,00 ден

ЛОВОСТОЈ од Моника Херцег

Над митологијата на поетскиот субјект и неговото нескриено и доминантно рацио, како тајни, но референцијално и цитатно присутни добри чуварки, бдеат фигурите на канонските светски поетеси, како што се Шимборска или Силвија Плат.

На залиха

Сподели

Книгата, поделена во три со точки одделени циклуси (повеќе отколку засебни целини), отвора цела низа „големи“ и „мали“ – ама затоа не помалку важни – теми, во распон од мајчинството и личната историја, наследени од првата книга, до насилството над жените, дискриминацијата во научната заедница и ширењето на подрачјето за борба за женската еманципација воопшто. Метафорите на авторката се прецизни, а сликите конкретни; поетичкото прозеде на оваа книга е внимателно промислено и доследно спроведено. Над митологијата на поетскиот субјект и неговото нескриено и доминантно рацио, како тајни, но референцијално и цитатно присутни добри чуварки, бдеат фигурите на канонските светски поетеси, како што се Шимборска или Силвија Плат. Оваа книга е пишувана како магнет за куршумите упатени кон нежните животни скриени некаде длабоко во нашите пазуви; со нејзиното читање тие малечки битија се чуваат, се негуваат.

Questions and Answers

You are not logged in

Може да ти се допаѓа…