420,00 ден

Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми

Автор: Славко Јаневски
Издавачка куќа: Темплум
Едиција: Модерна Македонија
Година на издавање: 2021

На залиха

Сподели

Тој е поет на изненадувањето, на авантурата, на чудесата и чудесиите, на овоземните миракли. Тој е поет на нескротлива, еруптивна поетска имагинација, кој не наоѓа дефинитивен поетски пристан, ниту едно дефинитивно и завршено поетско устројство на својата поезија. Јаневски е поет на шокантни, на ирационални сновиденија, на фасцинацијата, на бизарни хумористички проблесоци, на фантазмите и фантазмагориите, на еден поетски ум кој го отфрла секој можен ред и поредок и секој можен конвенционален, било рационален, било етички систем во човековата егзистенција, секоја можна нејзина непротивречност, прифаќајќи го и апсолутизирајќи го кошмарниот, ноќниот поредок на постоењето, кога сонот работи а умот спие, прифаќајќи го космокопот како поетско начело на поезијата.

Георги Старделов

Questions and Answers

You are not logged in